наблиску прил.

наблиску (прил.)

- Еда, клај крст на чело оти останав, и велам, со едно мечиште вака, колку со тебе наблиску се сретнавме, ба му газникот, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога запревме, војводата рече дека сега е најблиску до бога тоа божјо копиле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Толку се наблиску еден до друг, што, напросто, си ги мешаат водите и на тој начин прават едно единствено извориште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
5. Многупати со мофашите се гледаме вака: ние сме овдека, а тие, кај оној човекон, онаму. Сосема наблиску.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некоја реа, гној од нешто што скапува наблиску до мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме извикува настрана. Дојди, вели, ваму понаблиску...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од тоа најмногу се плашеше, а со тоа беше најблиску до вистината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најмногу страхуваше од помислата, инаку најблиску до вистината, да не бил пуштен Чанга едно време да лудува со козите во градот, да ги собере околу себе, во тој заносен марш, сите свои истомисленици, несудени припадници на козјата „работничка класа”, па еднаш засекогаш да се стави крај на козарското прашање во социјализмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оние чиј однос спрема војната е најблиску до рационалниот, се подјармените народи од спорните територии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никој не седеше на ниту една од масите што беа најблиску до нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не може да се претпостави какви огради околу или во близина можело да има, како изгледало околу бунарот, каков покрив имал, ако воопшто имал, дали имало куќи поблиску отколку што се сегашните? Кои луѓе живееле најблиску, како живееле, што работеле?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Осеќавав, макар да бев тргнала најблиску да одам, макар да сум заодела да слезам само до водата на езерото долу, да, осеќавав, велам, дека тој е некаде тука близу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Амамџијата Селим, кој со топлите ленени крпи го триеше телото на ибн Пајко во Чифте-амамот, небаре беше најблиску до неговата мисла и до неговата душа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имав чувство дека Елен Лејбовиц беше најблиску до некогашната таткова внесеност во моето пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Само светите книги ги беше поместила најблиску до себеси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со дланката го поклопи цртежот кој беше најблиску до неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Под еден куп камења Најблиску сме до животот
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Ако е најблиску до тосканското небо, како кукурикаат петлињата во Сиена? Перчињата секогаш ли им се црвени?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тоа беше неговиот водечки глас на старата трогласна полифона песна од родниот крај која најчесто ја пееше и преку која се чувствуваше најблиску до своите преку границата, како да ги довикуваше со својот осаменички глас.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со брадата втисната меѓу колената што силно ги има зграпчено со обете раце, се ниша ту напред ту назад и не откинува поглед од огнот и до болка чувствува како му се стега желудникот и тие, кои до него најблиску седат, слушаат како гласно му кркорат цревата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)