нагрне (св.)
Некогашното сино палто на Кузмана висеше на сувиот Пенчо, Васко беше нагрнат со стара вреќа.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Што сѐ не мислеше да му нарече од лутина, но кога напладнето го сретна, застана пред него, му се загледа в очи со рацете наопаку, сакаше да му зареди да му вели сѐ што имаше смислено да му рече, ама сите зборови му нагрнаа одеднаш и како ветерот да му ги однесе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но тие не останаа незабележани кога нагрнаа на селото.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И штом убаво се развидели, го нагрна кусото, со срма извезено џамаданче, го накриви испегланиот, тукушто донесен од калап фес и, мамурлив од пиењето и неспањето, тргна сам со Бакала накај езерото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сиот простор и сета ноќ се собираа и се повлекуваа, изгинуваа пред три испреплетени писоци, пред дивината со која нагрнуваа, од ништо несмекнати, јалови и пусти.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стави над огништето котленце со вода. Се нагрна со една черга и полека, држејќи се за ѕидот, за да не падне, излезе од колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Веднаш потоа стоката нагрна кон кошарата, а тој имаше голема мака да ги задржи, да не дозволи да се избодат и изгазат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се погоди Ширдин Скувал да најде во дворот и нагрнаа сите луѓе кај Јосе Натемагото прашувајќи го: „Да копам јас?“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Често се случува кога ќе се задржи овдека, во гостинската одаја, некое од нив да се разбуди, сонувало лош сон, да дотрча ваму, па побрзува да отвори и - силно се изненадува: нагрнат со веленце, по чорапи и со свеќа во рацете доаѓа Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Настанети на Чауле, заради прегледноста, бездруго имале задача ако не за да пазат на патот од Стоби за Хераклеја, тоа себеси да се пазат од честите завојувачи кои, по него, по патот, нагрнувале на југ, спрема Битола и спрема Солун, и оттаму, по Виа Егнација и по море, спрема Азија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред прикаската, вмугри, го довлекле гладен и исцрпен и, сожалувајќи го стар и нагрнат со безбојна черга, му дале да јаде и му дале ракија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тропотејќи со чизмите и со уште еден писок од чешелот децата нагрнаа во дневната соба.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додавката или прекарот комитата што дотогаш ги носеше Раде, се запусти или поточно исчезна уште кога ја нагрна војничката блуза во една бугарска рота,** а на додавката ич сѐ уште мораше да попричека.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Бодликавиот тел секогаш стои на своето место“, одговори откај вратичето нагрнувајќи го сакото.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Од другата страна на калдрмата, до двете дами се најде еден млад човек, не постар од 22-3 години, убаво облечен со лесен, едноставен нагрнат мантил, со темно сив шешир на главата, прекрасни големи, продорни очи и убав лик.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Овде секој камен си ја носи својата мисла, времето е нагрнато со камена кошула, секој камен наследува камен, се крепи како камен додека најсетне не папса од толку многу помнење.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)