наеднаш (прил.)
Но штом ќе ја поминеме границата на Македонија, или на југ или на североисток или на север, т.е. во Грција, Бугарија, Србија, наеднаш ќе почувствуваме оти на нас дува веќе друг ветер; ќе почувствуваме дека ние таму сме само неканети гости.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Додека има во Македонија почва за национални пропаганди, додека не се отстранат причините туѓите држави да имаат во Македонија повеќе влијание од самата Турција, до тогаш Турција ќе има само расход во Македонија, а не ќе има од неа никаква полза, до тогаш секоја минута ќе треба да се плаши да не ја загуби Македонија; а ако се признае официјално оти во Македонија нема неколку словенски народности, ами има само една одделна, ни бугарска ни српска, и ако се оддели Македонија во самостојна архиепископија, наеднаш Турција ќе се ослободи од мешањето во македонските работи од сите 3 соседни држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И, наеднаш во очите му блесна искра: тој решително зачекори накај високите црници, во правец на бараката на штабот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Наеднаш локомотивата исписка силно. Возот навлезе в тунел.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Наеднаш почна да пропаѓаат.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Го гледав како стои пред мене со расчекорени нозе и ми заприлега наеднаш на џинче, качено на дрво, та сега со пакосна наслада гледа одвисоко на сѐ што е големо.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Наеднаш, како да се разбуди, ја крена главата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Пее славејот и ми ја расплакува душата. И наеднаш, неочекувано, ќе престане.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Дури таа вака си мечтаеше, раката ѝ врвеше по главчето горедолу, а наеднаш рачето на чупето го подигна гушалчето, ја пушти дојката и нежно, нежно го растегна малото устенце, гледајќи ја мајка си право во очи; пушти едно „гуу, гу, a? а?“ и почна да ја врти главата пак таму ваму: да ја лапне дојката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Жените слушаа, слушаа и наеднаш Неда се замеша.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Види како од саабјле двете наеднаш и свршиме сете работи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Им бијат врело дамарите, играат над шеварите сѐ дури не потемне запад. Наеднаш - немош и загинување .. .
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
И наеднаш му се стори дека открива познат човек.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И кога ја изгуби смислата за време и простор, тој се тргна од сонот, извидницата на белата смрт и заечи. Наеднаш: - Богдане! Ги отвори очите во исчекување.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Наеднаш му се стори дека од збор до збор го водел тој ист разговор, на истото место.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко место и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Живееш во еден град триесет години, ги познаваш сите негови жители, а сега, наеднаш, читајќи весник и бавно чекорејќи, запаѓаш меѓу непознати луѓе, поинаку облечени од оние што ги познаваш, со поинакви очи, со поинаков говор.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И наеднаш не можеа да ме препознаат в болница.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не ги отвораше очите и не јачеше. Тоа што го гледаше во себе не се одигруваше со него зашто тој наеднаш не постоеше за себе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)