накиснат (прид.)
Ама, многу ѝ се накиснати, што се вели, и веѓите ѝ се подмакани.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така беше. Накиснатите нозе ми беа врели.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Благодарение на тоа што тој ни кажа каде да го најдеме песокот бргу свршивме работа и се вративме со него ненакиснати.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Дури кога ќе запееја за сонцето и летото, усните ѝ заигруваа, додека ги набљудуваше накиснатите прозорци.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Накиснати ситуации резигнирано стопираат. Една напуштена надеж - Завива.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
„Како накиснат ми изгледаш“, на шега му рече мајсторот Ратко. „Ти кажав јас тебе...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Изгледаше како накиснато врапче во својот студентски капут и во пролетните сандали, и беше толку вознемирена поради непредвидената несреќа, што заборави да ги понесе клучевите од автомобилот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Офка накиснатата тишина, лилјаците слават матурска вечер меѓу светкавиците.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)