накитен (прид.)
Го пренесе мајката, накитен сиот во злато, на чардак - резбарско дело.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Кога ги остави работите со кои беше накитен, им рече на децата да се тргнат. – Ќе ви кажам нешто, - присторе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Оркестар поставен на мал подиум во дното на просторна, свечено накитена сала.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сместена во една таква трикатница со накитена фасада, книжарата повеќе делуваше како пристојна, чиста антикварница, отколку како продавница за „валкана“ литература.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Проклет да бидам, сите луѓе се накитени со благородни побуди, о, ќе умреме од слични нешта! Слепи, без да се видиме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Додека повеќето од тајфата одеа пешки, вооружени со пушки, со стапови, со крстови а стапови и со торби, за да имаат во што да грабаат од народот, сам тој, Партениј, јаваше на бел коњ, сиот позлатен и накитен со мониста и со пувки од коприна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А одочесниците низ полето, како и додоларките накитени со зеленило, со венци од младо жито и од полски цвеќиња, опремени со крстови и икони, пееја своја песна: Крсти носам, бога молам: Господи помилуј! Господи заврни!
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Осамнува. Осветлува. Дени, Овошките со укит накитени, Очите отворени, разбудени, Воздухот тихува.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Накитени, небаре за на гробишта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јазикот најпосле станува премногу накитен за да може да се чита.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Разликата е во тоа што филмот, накитен и заводлив е дури уште позбиено повеќеслоен отколку платното на Веронезе.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кочијата ја носи накитена со гроздовите од сребрени ѕвончиња. Стигнува во дворот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Над чардакот обесен бајрак накитен со шамии и цвеќиња, а на врвот наврено јаболко.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Таква беше и една пудлица која одамна престојуваше во Пансионот и која беше накитена со украси: на ушите обетки, а на вратот огрлица како девојка.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Меѓу изналегнатите патници стои софра накитена со разни печеници, баници, сокови, колачи, разни овошја, а меѓу сето тоа и еден “замок“ од торта на четири ката.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Заблескотеа елите, боровите накитени во сребрено – снежни лампиони.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ама, кога погледот му затарашка понатаму од куклата, кога на некаков плафон над нивните глави здогледа дијамантски лустер, што расфрла млазови светлина во разни нијанси усукани едно во друго, а под лустерот елка накитена со, исто така, живи ѕвездички од бесценети камења, тој полека, полека се подигна.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Убава беше нашата куќа таква накитена и намирисана со тоа чудно и чудесно цвеќе.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Стоеше тој запис на карпата како отсекогаш да бил тука, на еден древен пат, а Филозофот расправаше дека од времиња најдамнешни тука минувале каравани, натоварени со стоки, војски накитени со страшни знамиња, царски курири кои во галоп разнесувале пораки по сите краишта на тогашната славна држава и на нејзиниот цар, чие име подоцна го узнав, о блажени, оти времето тогаш уште не беше дојдено.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)