наклон (м.)
Евала, рече Мурад, направи благ наклон спрема Софронија и пак со рака го покани да седне на одреденото место на килимот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој нејзин наклон кон жените и јас малку го забележав, ама уште не ми се верува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Коректен наклон на тој реденгот, речиси веќе во посед на големи права.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Му приоѓам, благи наклон, а он ме тапша по рамо и ми се обраќа на шуќмураст енглески (со акцент ко Раде Шербеџија): „Еве ти визи за Канада. Иди, види, па пиши како е“.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Изненаден од новата појава, Јехуда се сврте и го виде возбуденто лице на таткото на Алегра, се подврати ја извади капата збунето поздравувајќи со мал наклон и кревање на капата, а потем забрза да ја стигне девојката, која стеснета од возбуда, споро чекорејќи пред него во улицата, гледаше напред за да ги избегне љубопитните погледи на стариците од зад пенџерите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се вртам кон следните гости и со наклон и рака испружена ги канам да повелат да се фотографираат со младите, а тие се редат во групи - дедо, баба, мајка, татко и деца.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Конечно има пред кого главата да ја спушти, пред силата на природата, мојот ум покорно, со наклон се наведува.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Ивона нежно со благ наклон ја подаде раката прво на Саво, а потоа и на Снеже.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)