намет (м.)
На чорбаџиите им се фрли нов намет.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таму само некои гавраништа, некои чавки, се занесуваат ко намети чад, ко ниски облаци.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Возот влегува како меѓу намети бел снег, наврнат на јаболкниците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе го издлабеше некако во снежниот намет.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Возот почна да подзапира, се слуша за големи намети на пругата, за длабоки соспи снег.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ајде сетне ние пет-шест пати низ тој намет вака-така додека не отворивме тунел доволно широк да ги поминеме и коњите.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Зимите студени и со многу снег и виулици кои создаваат високи и тешко проодни намети.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тивко, полека, кроце чекориме, чиниш секој е внесен во чекорите од долгите ноќни маршеви под дожд и снежни виулици и намети.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се навали на наметот со грбот и откако одмори малку, го истапчи снегот на десетина чекори од стражарското место и така отвори партина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ќе морам, низ наметот - несигурно и со страв во гласот рече десетарот и почна со раце да го исфрлува снегот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Поаѓај... Пред нив намет, висок до глава.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)