намирници (само мн.)
Луѓето прибираа намирници, немаше многу, ама колку нешто да се најде за црни дни.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Конакот, познат во вековите како мал албански Пиемонт, како тврдина на „државата семејство“, со отворени капии за гости и намирници во сите годишни времиња Ервехе никогаш нема да го заборави.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Македонецот ни лук јал ни ќебапи мирисал освен кога ќе земеше плата ама и тоа кратко траеше затоа што за 5 дена парите ќе се спичкаа за сметки и основни намирници.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Како и да е, продолжував со секојдневните ритуали. Трчање по скали, па пак кафе, потоа до продавница по намирници.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)