наоѓалиште (ср.)
Концентрацијата дојде до таму што може да се изврши приближна процена на сите извори на суровини (на пример, наоѓалиштата на железна руда) во дадената земја, и дури, како што ќе видиме, во низа земји, во целиот свет.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
„Рекапитализацијата“ сметаше со идните монополни профити, како што челичниот труст, исто така во Америка, смета со идните монополни профити кога сѐ повеќе ги купува наоѓалиштата на железна руда.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Таквите монополи се најцврсти кога во едни раце ќе се приграбат сите извори на суровини, и ние видовме со каква јарост меѓународните сојузи на капиталистите ги насочуваат своите усилби кон тоа да му ја одземат на противникот секоја можност за конкуренција, да ги закупат, на пр. наоѓалиштата на железна руда или изворите на нафта итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Планетарно наоѓалиште на хлорофил и на кокаин, на кислород и на целосна расипаност на материјалот и на духовите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тогаш уметникот може да продолжи со фрлањето на бисери пред свињи бидејќи знае дека енергијата концентрирана во бисерите има повеќе смисла од самите свињи и дека кога свињите ќе исчезнат свинскиот полигон ќе се претвори во мистериозно наоѓалиште на бисери...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)