напредува (несв.)
Се убедија со напредувањето на српската пропаганда во Македонија оти тие не се единствениот фактор во македонското прашање, а оти има, освен нив, и други и оти успехот при конкуренцијата ќе биде таму каде што ќе биде поддршката на Русија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По борбата на бојното поле ќе настапи време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме можност да ги ползуваме плодовите од пролеаната крв и да напредуваме културно, ние и тогаш, како и сега, ќе треба на наша штета да ги помагаме ту српските, ту грчките, ту бугарските интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Секоја банка е берза’ – тој современ термин содржи до толку повеќе вистина до колку е банката покрупна, до колку повеќе напредува концентрацијата во банкарството“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Со каква брзина токму кон крајот на XIX и почетокот на XX век напредуваше концентрацијата на банкарството во Германија, се гледа од следните податоци на Рисер, што ги даваме во скратена форма:
Гледаме колку брзо израснува густата мрежа канали што ја опфаќаат целата земја, ги централизираат сите капитали и парични приходи, ги претвораат илјади и илјади раздробени стопанства во едно општонационално капиталистичко, а потоа и светскокапиталистичко стопанство.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
А во Соединетите држави економскиот развиток последниве децении напредуваше уште побрзо одошто во Германија, и токму благодарејќи на тоа паразитските црти на најновиот американски капитализам се пројавија особено јарко.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Немаше работа која Трајко ја работеше да не го спомене Анѓелета, гледајќи ја Анѓа како расте и напредува.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На тој начин и овој табур напредуваше и ги зазеде селцата Манастир и Мелница, ги ограби, и кога дојде до Витолишта, го најде во него скопскиот бег со илјада души сила кој го правеше истото.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А оној тогаш се прочу. Раскажуваа дека напредувал.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во учењето Гоце многу добро напредуваше. Не сети како годината мина.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Напредува, - рече Шишман, - ама најтешко ми е со овие камчиња.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Понатаму, на долниот крај од Рамни Ливади, двајца косачи ритмички замавнуваа со косите и стапка по стапка напредуваа преку ливадата. Зад нив остануваа пластови покосена трева.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Другите четворица Турци, престрашени, не можеа ниту да отстапат ниту да напредуваат; само пукаа во празно и заедно со своите коњи тонеа во живиот песок.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дукле леташе од радост; постојано ја пофаќаше за мевот, наслушнуваше со ушето и проверуваше како расте плодот, како напредува.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Наидувајќи само на безначајни оружени отпори од страна на месното население брзо напредува и во завојуваните краишта веднаш востановуваа своја, турска власт, која, пак во имотно-правна смисла, барем во првото време, ги чуваше крепостите на стариот државноправен систем.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И секој ден ја пофаќаше за мевот и проверуваше како расте, како напредува плодот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Напредуваа без застој. Забележа, птиците што го следат бродот ги напуштаа – знак дека Островото е далеку зад нив.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Гладот во земјата напредуваше, но во Козар маало изгреваше среќното време со козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дишан знаеше дека, кога веќе не е можно да се напредува, динамичките контрадикции на креацијата му го препуштаат местото на задоволството, повторувањето.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Држењето на телото, ритамот на дишењето, правецот на погледот, изразот на лицето и тонот на гласот на секој од учесниците означуваат или отвореност и дозвола да се напредува побрзо, или пак вознемиреност и барање разговорот да се успори или привремено да се прекине. Andersen (1991) предлага ритамот на разговорот да не биде побрз од оној на најколебливиот учесник.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Напредувајќи од една во друга просторија на двата ката на Палацо Граси, посетителите можеа да видат како пред нив идеите постепено се развиваат, движејќи се низ простори поделени меѓусебно не само со физички бариери - прегради, паравани, итн. - туку и со разликите во концепцијата, идеи што ја водеа еволуцијата на делата на Дишан низ неговите најважни и најкомплексни фази.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)