насила прил.

насила (прил.)

Се собра свет, џандари. Леле! На Славчета не му се оди в кварт, со земјата се залепи! Такси зедоа, насила да го одведат... (Смеење).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И додека се води разговорот меѓу стариот сват и „командирот“ на стражата, обично стрикото или братот на невестата ако е поитар — некој од зетовата дружина ќе се префрли некако и ќе ја отвори, небаре насила, портата и овие што преговараат заедно со другите сватови што бодињаа досега, ќе напнат и небаре насила ќе влезат во дворот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Роден бил некаде Битолското, од татко Турчин и мајка рисјанка што ја грабнал насила некаде Мариовското кога бил таму во потера како турски војник.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Непотурчена и насила не сакаше да ја изведе пред имами, мувтии и оџи и да ја озакони, бидејќи и по исламските верски закони се бараше и се бара согласност од двата брачни другари што стапуваат во брачни односи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сигурно него го имаат насила потурчено си рече и премногу се натажи што нема да го најде кај христијанскиот господ.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На ѕвонењето на вратата, не се отвора освен ако е нашиот договорен знак, а штом некој ќе се обиде да влезе насила - се пука без предупредување.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЕТОДИ: (Уплашено и насила, отпочнува да го отпашува својот ремник.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но некни Бузо и неговите насила ни влегоа, испокршија сѐ и ни ги присвоија колибите...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Толе пак, да се оправда и пред Трајка, и пред власта, се фати свети Јован со убавичката му женичка Митра, која исто насила му беше дадена на Трајка од нејзините роднини, бидејќи беше останата сирачиште уште од трите години, та уште на седумнаесетте му ја дадоа на стариот ерген Брлета за пет лири пари и десет овци да му ја отворат куќичката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Тетко Рајно, да не ја земе насила Ели, - реков уплашено.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бакшишот од 50 франка, вели спикерот, што насила му ги втурнале во рацете на најмалиот син на домаќинот, им бил вратен со подароци од разни домашни ракотворби.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кажи ѝ: ако мисли вака да ме ликвидира, славата подолго ќе ми трае, како на Исус Христа: ако не го убиеја насила Евреите, не ќе станеше толку славен...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Господе, запази ги животите на луѓето, гласно изговори старецот и го крена погледот спрема пругоре, спрема небото, а тоа модро и проѕирно и извишено потаму од пајажината до која што достигаа неговите кусогледи очи, изгледаше учудено и насила заплатено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
71 Останатите можат да дојдат лесно до дрога, доколку го сакаат тоа. Казнувањето го зголемува проблемот со тоа што уживателите насила ги упатува на илегалниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му кажа дека нејзиниот брат загинал во војната и дека ги мрази нацистите кои насила го зеле и го спотерале на фронт.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе пати тој доаѓал кај неа да ѝ го земе насила, но таа ја заклучувала куќата и не го пуштала да влезе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ако биде со него, насила ќе го грабне в раце, ќе го гушне...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И заповеда од мене насила да ги симнат крстот и расото!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Селото Бразда, сосе селаните, до пред ден-два, беше во атарот на Свети Ѓорѓија-Горг, а сега, откако манастирот беше затворен од Турците, имотите им беа разделени на заслужните воини од битките во Унгарија и Босна, а селаните, заедно со нивите, шумите и чаирите, без едно-две, станаа кулукчари и поданици на Падишахот, потурчени насила и дури со амин од игуменот, за да не се крене поголема врева и да не се исукаат јатаганите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе