насилие ср.

насилие (ср.)

До еден со доблест станаа жртви на храбриот Дичо четниците горди; и ранети тука, па дури и мртви, насилија трпат од турските орди.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Паѓа на коленици сфаќајќи дека сум противник на насилие. А знае дека морам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
— Пак некоја каурка грабнале агите? — го пречека Ростовски Мита со прашањето и ги развлече дебелите црвени муцки, бидејќи во тоа време беа зачестиле грабежите на каурки од разни бегови и паши, та Ростовски со владиката интервенираа и протестираа против тие насилија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Насилијата, зулумите што ги правеа авалеџиите при собирањето на давачките, го раздразнија Толета до немајкаде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На оние што гледале по нив им се чинело дека под нозете на двајцата најтврдоглави на светот земјата ќе се разбранува и светот ќе отиде по ѓаволите со таков тресок и кршење од што и небото ќе оглувне, ќе се распадне и ќе се урне врз скрка и распаднатост, но Онисифор и Онисифор ништо не мислеле додека се веднеле над своите намери, без здив, предвреме мртви, со движења условно продолжени заради трепетот на истинатото месо, заради решеноста едниот од нив да изврши насилие врз другиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе бидете возрасни ќе ги читате и другите мои дела, исполнети со патилата на нашиот народ да опстане на овие простори, постојано во докажување на сопствениот идентитет и бранејќи се пред бројните насилници и насилија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нови насилија низ светот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Исти масовни количества несреќа, нечовечност, понижување, насилија, силувања, неизмерни количества болка и смрт.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Смрт со заборав, било во масовните гробници, било во медиумската мелница на нови и нови омасовени насилија, за кои нема, ниту кога и да било ќе има музеи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)