наследен (прид.)
Како што гледаш комедија, а највесело во таа комедија е тоа што пак ме фати наследноста.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Произлезени од некоја замислена комбинација (макар и генетска), скусени за сексуален и наследен алтеритет, удрени од наследена бесплодност, тие се осудени само да си изградат одново алтеритет отстранувајќи ги сите Други (Франкенштајн - но тоа е и проблемот на расизмот).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
(...) Тој иредентизам, во област во која на бадник спонтано се пее O, Tannenbaum!, овозможува одличен пример дека наречјето, наследната конституција или традиција не спроведуваат над поединците апсолутна моќ која инаку на тие чинители им ги подаруваат науките за човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Грижата на совест нараснува до самоуништување, јас морав да си признаам дека концептуалната имагинација произлегува од дното на немоќта и на наследната неплодност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Таа недоверба сега можеме да ја поставиме во посоодветен контекст: се работи за недоверба на стариот, субјективно и линеарно мислечки човек, што е свесен за историјата, кон новиот, што доаѓа до израз во алтернативните светови, што не можеме да ги опфатиме со наследените категории, како што се „објективно“ стварно или „симулација“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тоа е благосостојбата на отуѓувањето, што другите го оплакуваат како факт на себе-развластеноста, при што другиот станува наследен непријател бидејќи тој го чува нашиот отуѓен дел.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Постариот тип социјалист, кој беше обучуван да се бори против она што се нарекуваше „ класна привилегија“, заклучи дека тоа што не е наследно, не може да биде постојано.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во принцип, припадноста на овие групи не е наследна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во преломните години токму тој факт, дека Партијата не е наследно тело, одигра голема улога во неутрализирањето на отпорот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ми беше оставена во некаков семеен аманет на дотолкување татковата потрага по патот на јагулите, како наследена парадигма, со сета реалност и мистичност, небаре во проверба на времето, во кое беше свесен дека нема да стигне.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Башевски, меѓутоа, оди и натаму, така што античкиот мит за наследениот грев го комбинира со иронизирањето на идејата која во текот на југословенските војни беше поттикната од политичкиот концепт според кој традицијата, историјата и потеклото, се клучните компоненти без кои, наводно, не е можно да се доврши личната, ниту националната индивидуација.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Понижен од страна на сонародниците, изневерен од страна на жената која го остава, а за тоа тој и да не е свесен, поразен од братот којшто најавува дека ќе му ја земе и куќата, Симон станува трагичен јунак за кого не може докрај да се утврди дали е невина жртва (pharmakos од античките трагедии, трагичен лик којшто трпи казна без вистинска вина, односно ја трпи поради наследената вина како Едип) или самиот за неа е заслужен.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Посебно задоволство на авторот му беше последното летување во нејзината наследена, сега обновена викендичка во Лаврион.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Живеевме во убавото социјалистичкото време без надостатоци, освен наследените.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Си го беше зела малкуто накит што го имаше, златниот прстен со алемкамен, наследен од мајка си, којшто минал низ прстите на повеќе генерации.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На синот- наратор, кој ја наследи татковата библиотека, враќајќи се од своите дипломатски мисии, како амбасадор на двете држави кои во голем дел го обележаа животот на бегалското семејство - Југославија и Македонија, кои го ширеа кругот на семејниот егзил, продолжи да трага по преостанатите тајни во татковата библиотека, кои не можеше да ги провери во животот, посебно обземен од наследената таткова опсесија да трага по тајните на владеењето, за кои балканската историја нудеше безброј искуства.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога многу, многу години, по татковото исчезнување, трагав по неговите наследени книги, со различни писма, ја барав неговата цариградска диплома, најдов повеќе потврди за нејзиното постоење, но самата диплома не ја открив никогаш, како и сите тајни во самата наследена таткова тишина, можеби задржана меѓу две непознати книги во неговата библиотека.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Гледајќи ги татковите книги во нивниот наследен, само на места изневерен распоред, согледуваше дека го беше проширил нивното простирање до предели и народи, низ проверени, доживеани значења во животот, до кои бездруго сонуваше дека ќе го одведат книгите, верувајќи дека тие ја содржат вистинската надеж.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дали иронијата која на моменти преоѓаше во благ цинизам беше резултат на бесцелните расправи на блоговите кои секојдневно ги читаше, или на генетскиот код наследен по таткова линија, по потекло од едно село на југозапад?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)