наслуша св.

наслуша (св.)

Ненадејно се тргаше од полусон и наслушуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
(Пауза. Луков се обидува да се смири. Затоа оди и внимателно ја затвора вратата низ која излезе Неда и проверува таа да не наслушува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Очевидно е дека тој бил блиску и дека наслушувал.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Влегува Неда. Таа се обѕрнува околу себе, наслушува, потоа оди кон кујната, проверува низ пукнатината од вратата што прави Фезлиев и дури по сето тоа се упатува кон вратата од собата каде што е Иван.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Питропот Танаско често се допираше до вратата, наслушуваше да чуе дали чука, дали работи: ако не чуеше чукање, ќе ѕирнеше низ клучалката да види што прави.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога запре дождот, Цанул излезе, и по некаков кучешки осет, се упати право кон лозјето; се допре до колибата, го залепи окото на прозорчето, ја виде кожата кај што прета, го почувствува нивниот здив, го наслуша нивниот глас, нивното 'ржење и збивтање, му удри крвта во главата, му зашумеа ушите, го грабна копачот и почна да тропа на вратата: ”Излегувајте, мајчето ваше!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога влегуваше во училницата ја ваѓаше книгата а потоа трпеливо им читаше на децата За секоја педа на нивната татковина: За огнот на нејзиното име кој исцелува сѐ, за ветриштата што ја нишаат земјата пролети, за неопходноста постојано да се наслушува говорот на коските запретани во неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не приоѓајте му, Тој се крие во жиличките на тревата, Скита низ пустината и наслушува од која страна ќе надојдат водите, разговара со плодовите, неговиот глас за визглавје го ставаат во крошните на децата и во постелите на болните, неговата галија плови меѓу пусти острови расфрлани низ морињата на оние што останаа без сон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ги наслушуваме цветчињата, ги наѕираме внатре, ги отвораме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еве господ сакал пак да ни донесе радост, велам, наслушај, ко ждрепче клоца, се јавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
СИТЕ НИЕ САКАМЕ да излеземе во природа, да најдеме; негде свежо, чисто изворче, чисто зелено полјанче, пријатна сенка, па да се одмориме, да се надишеме свеж воздух, да се наслушаме милозвучни птичји песни, да се нагледаме убавини.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Па ќе се качам, на прсти, по скалите, ќе застанам пред вратата и ќе го ѕиркам Ѕвездана. Ќе го наслушувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со благост на човек меѓу коњи и со коњи израснат, со наслада наслушувајќи го жуберкањето на чешмата, Татарот го одвлекол белиот Лебед кон коритото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега наслушувам од кај идат пушките, потерата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме слушаш, ало? Некој нѐ наслушува, вели, ни се меша на линија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наслушувам, не е ветер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но коските под плочата таинствено молчеле наслушувајќи ги шепотите на мајките и примајќи ја животната топлина од допирот на нивните чела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил ни постар ни помлад од другите и како да наслушувал нечиј глас што веднаш ќе го повтори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секое гребење во тишината не само што јасно го наслушувавме туку и појасно го толкувавме отколку изразот на течението на реката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе