наспие (св.)
Горо ле, горо зелена имаш ли сенка дебела да легнам да се наспијам...“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Утрото, наспиени и одморени, децата излегоа од стариот вагон и со вреќи на грб заминаа негде во градот што се будеше.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А единствената нивна желба е да ги остават да се наспијат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Не, нормално е. Вечерва порано да легнеш“, вели „да бидеш наспан“, се смее. „Што е смешно, мамо? “ запрашувам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сигурно се наспавте колку што треба по долгиот и напорен пат!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Се наспав, добро се наспав. Никогаш така не сум спиел.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Утредента се разбуди наспан и расположен да го тера денот во духот на поговорката „Пуљи си работа“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Што е најважно, се разбуди со чувство не само дека се наспал туку и дека се преспал и со копнеж што поскоро да излезе од постелата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Друг генерал, член на највисоката команда, кој одморен, наспиен и сит на коњ стигна преку југословенска територија, наредил без одлагање да се оди во напад.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Првпат тој е наспан и се чуди за тоа што никој не вика, не наредува, нема истрели, туку само шум на планинска река...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Каде да ја најдат? Па таа цело време се крие по планињето и само ноќе поминува низ селата колку за да се најаде и да се стопли и наспие и тоа секогаш го прави скришум од народот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)