настојник (м.)
Неговото одолжување, небарање пари, неспремање за на пат, му падна в очи на манастирскиот настојател по чифличките работи од Зографскиот манастир и еден ден го запраша Сталета: — Белким сакаш, бре момче, да останеш овде на работа зимава?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во тој момент градоначалникот го виде забрзаниот крупен свештеник кој ја обавуваше функцијата на настојник на митрополијата, облечен во тешко црно расо што ветрот го лепеше на неговата корпулентна фигура, како се движи директно кон него.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)