натажи св.

натажи (св.)

Сигурно него го имаат насила потурчено си рече и премногу се натажи што нема да го најде кај христијанскиот господ.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неговото отсуство ги натажи сите рудари, а најмногу русото Проќиче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој се почувствува стеснет, ограничен во својата слобода и тешко се натажи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се помазни по лицето и виде дека од убавата црна брада останале само корењето, силно се натажи, та дури и обескуражи, небарем сета сила му се зеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Дедо Мразовото лице се натажи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На Дедо Мраз многу му се натажи срцето.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Можеби беше солза која ќе светнеше и ќе наедрееше по калдрмата, потоа ќе се лизнеше по неа и наместо да ги натажеше луѓето што ќе ја сретнеа, таа ги смируваше, ги успокојуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ѓ многу се натажи. А не би требало. Тој беше старец. Импотентен старец.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ме охрабри, ме израдува, ме натажи истовремено... едноставно ми објасни дека целите што си ги поставив не треба да ги врзувам со рокови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Самовилата многу се натажила, па од љубовна тага по овчарчето, првпат од очите ѝ бликнале солзи.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Таа беше моја постојана придружничка и знаеше да ме разнежи и натажи, но јас не бев пишман што дојдов тука и се трудев да го оправдам тоа мое доаѓање и пред самата себе и пред моето семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)