наткасна ж.

наткасна (ж.)

Марија почесто му доаѓаше да му носи сокови и овошје за јадење, но штом ќе му ги оставеше на наткасната, тој ги брецнуваше со раката и ги фрлаше да не ја види ни неа, ни понадата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Веќе по втората страница, ја оставив книгата на наткасната, ја изгасив сијалицата, се завртев на десната страна и со левата рака долж слабините и левата под десниот образ, се почувствував удобно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не знам, можеби ми рече или така ми се причини тогаш, додека симнат на подот на коленици ги средував цедињата паднати од наткасната, кога над мене го слушнав нејзиниот глас: „Нино, можеби ти не се познаваш ни самиот себе.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дванаесет писма лежеа здиплени под свечената униформа во наткасната до неговата глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа соодветствуваше со железната рамка на креветите и двете мали наткасни помеѓу, кои сигурно беа остатоци од времето на Тито.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Писмата кои беа убаво наредени во натказната беа неми сведоци за неговото каење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)