натрча (св.)
Се натрчаа сите и добродошол беше му рекле.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Наеднаш доби впечаток дека мракот околу колибата е полн со ѕверови кои чекаат да догори онаа слама, да згасне светлината, па да натрчаат од сите страни.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И натрчавме озгора, од окопите, од двете страни на реката. Бугарите од лево, ние од десно. Мравјалник.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Натрчаа сестри и болничари да ме држат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога ми натрчаа другарите за миг целиот леб го снема.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)