нахија (ж.)
– Кадијата од Прилеп во Македонија Арслан-беј моли за милост и совет како да постапел со извесни разбојници што се појавиле во неговата нахија, подигнале бунт и ги погазиле твоите свети закони – и го отвори самото писмо.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
ТОКМУ ВО ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето: – Ха-ха-ха-ха – се насмеа слатко прилепскиот кадија и ги погледа агаларите околу себе со извесна иронија на лицето, слушајќи го оној пред него да раскажува како во прилепската нахија имало раја непокорна на султанот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој го виде во својата фантазија тој негибнат крај Мариово. My излегоа пред очи богатите села и селани домаќини, кои имаат полни ќесиња пари, булуци овци, сурии говеда, ергелиња коњи и наеднаш си претстави како сето тоа по пет-шест дена ќе биде негово и тој ќе стане најбогат човек не само во прилепската нахија, ами и во целиот битолски санџак, бидејќи целото тоа богатство ќе им го земе на селаните и нив ќе ги подјари да работат за него, да му робуваат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Треба всушност да се претпостави, дека теренот на набавките на Никола Поцо биле токму Реснанската нахија, Монастир и пошироко Солунскиот вилает.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А кожарот, кој секогаш го снабдуваше Маркота со оној преубав жолт сафтијан прочуен надалеку, само заклати глава:
„Вистина“, рече тој, „ако не ги платам испенџето и џизието, сосе семејство ќе ме продадат на џизаедарот Мурат-ага од Кожле, кој е откупник на државните даноци за скопската нахија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Татко му на Петре, Благоја, Бајко, Блаже, благ како пипер, беше ковач: дојден во манастирот од струмичката нахија, село Градец, небаре го извади Петрета како копија од себе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Уште не му беше ни распаднато телото на Сандри, а веќе за него се говореше, првин по градските маала и низ нахијата, а потоа и по цела Румелија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)