наѕре св.

наѕре (св.)

Дај, реков, да надзрам малце ...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Пред зори Шпиро се прибра дома, а Бисера без да мигне, дури татко ѝ и брат ѝ предремаа, замеси дветри погачи, залеа вода, ја почисти куќата, ваганите и си отиде дома да наѕре и пак се врати долу да ги пече погачите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но не им беше на сите дадено да наѕрат во тајната на мајсторската работа и да ја откријат нејзината убавина, којашто еднаш почувствувана, останува за цел живот врежана во срцето, како нешто најсилно, најмило и најсакано.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вардар се пази од синџири — аскер, границата е преплетена со жив плет од башибозуци, та изглед за префрлање не можеше да се наѕре за скоро време.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Андон одвај го дочека тој предлог, бидејќи и тој цела зима преседе како глушец в дупка кај дедот Паленѕа на колибата, та и нему му се заминуваше преку Дуње, да ја наѕре Андоница и децата. Само Стојче се понамурти, но не одрече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оваа положба Толе ја наѕре и го викна, ете, Андона и стрика си Кулета, ако можат некако да ја изменат!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако наѕрев во секое ќоше и скоро веќе се изморив, седнав кај неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Првин ќе видам слечена змијска кошула, ќе наѕрам во неа, а некаде од зад мене, ќе се појави змија или смок или слепјак и ќе ми се качи да ме облазува, да ме врзува, да ме цица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повторно наѕрев кај кучето, а тоа уште се поштеше од коњски муви, се требеше од болви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да можеше некој да наѕре во нејзиното срце. Тоа беше скршено засекогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Со какви грижи се соочуваат несреќниците задолжени да им создаваат потешкотии и грижи на недолжните луѓе кои тргнале да откријат или да наѕрат барем од далеку во некој малечок дел од своето минатото?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од двете страни е на грмадата од планини , повеќе во карпи одошто во красти, меѓу нив е бунарот на небото по кое се расцветуваат и прецветуваат од облачиња во пропатување, а ти си сред еден усој во кој сонцето само ќе наѕре и зиморливо ќе се скрие.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја изгаси ламбата во собата, го отфрли чаршафот од снагата и го одвитка турбанот од главата, па ја навлече преку глава летната ношница; но и при слабата надворешна светлина Боге ѝ ги наѕре како низ пајажина познатите, а сепак пожелни облини.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еве, сѐ повеќе луѓе се интересирале за неговото сликање, а тој не отвора изложби секој ден; доаѓаат луѓе и од странство, бизнисмени, мецени, имбецили, можеби некој ќе се заинтересира и за него, ќе посака да му наѕре во ателјето што слика, може нешто и да купи, тие се парајлии, што е за нив некоја илјада долари или марки?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога ќе излезам одовде ќе наминам на улицана за да проверам низ кој мрачен трулеж истекува овој застојан смрад иако знам дека погледот откај улицата не е во состојба да наѕре во овдешниве посебности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вратата десно е подотворена, отаде свети, - но Корилче не смее ни да наѕре таму, не го пуштаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дали наѕре во тишината на она Што обично го нарекуваме друг живот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Најпосле, никој – барем ниту еден геј-маж – што го слушнал Дејвид Даниелс како пее или кој преслушал снимка од него како пее романтични песни компонирани за сопран, не би можел да не наѕре некаква врска помеѓу неговото усвојување на женскиот гласовен репертоар и настраниот облик на емоционалниот живот што честопати изгледа дека ја придружува хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)