невиден прид.

невиден (прид.)

Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му го кажувале; каква работа ќе биде таа, луѓе невидени ни чуени да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Мече намина случајно накај собраната бригада откај врбаците, невиден од никого и чу дека меѓу другото се спомна и неговото име.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ама пак да не рече после оти невидена појду, нека дојде најпосле и он утре со дедот Петка, па и нека ме виде, немој утре пишман да се праве, да ви а к'не душата како на дедот Петка, така и тебе, а мене да ме тр'е сол на главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во бистрата вода рибите се занимаваа со човечки игри: големите кленови ги прогонеа кон вировите неопитните рипчиња и ги лапаа, ѝ робуваа на невидената ненаситност, беа речни киклопи со едно око.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но Африка не е смрт, говореше. Африка, таа невидена земја, е приказна на моето детство.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш бев Марија, сега сум Еврејка и умирам зад боцкави жици во некој логор. далеку сум и не го слушам коњаникот во нашиот часовник, не ги сонувам невидените орхидеи, нечуените прици на твојата Африка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ела да се порадуваме Ти и јас ти невиден.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Завесата се креваше и спушташе. Во салата невидени ракоплескања. Делириум...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но прстенот маѓепсно се преливаше, од него сјаеше невиден по убавина божилак.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му намигнуваа на Отец Симеон и се кривеа а тој ги ширеше очите да сфати и да впие нешто битно во себе, нешто што ќе ја измени таа вечер во чудо невидено: „Не наденувај се на туѓи рогови“, му рекоа браќата на тој што дојде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ништо. Само се виде двапати себеси во ледените зеници, се виде во невидени размери, во зелен џакет, со зелено лице и зелена маска на челото.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Посакај нешто, Малчо, и јас ќе ти го исполнам! “ И оп! Се случи чудо невидено! Чудо за неверување!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ела, - му рече насладувачки полека, - Ела да видиш чудо невидено, - му рече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Чувајте се, да не ви падне сенката во темелот, ни рече, оти ако си ја заѕидат сенката, ќе ти се одземе здравјето, вели, или некоја завист ќе ја ненавиди куќата и жената и цел живот невиден ќе се шеташ, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ако не се вратам од фронтов, ќе остане така, невидена, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Децата беа невидени на играње, Е, сега, да е господ со нас: тргнавме преку Крстон.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Безглавото бегство на луѓето, гладните крикови на птиците, неподвижната слика на утрото, покосените деца во дворот, вошките, мртвата вода, занемениот воздух, сувиот ветар, пожарите - во мене родија нов, сѐ уште невиден страв.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Може сум, може не сум, своевиден, а невиден, Може сум зрачок иден, соновиден Или оној кој допрва иде за да биде виден.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Провидно ми е телото и душата провидна, Не знам дали сум створен или измислен, Не знам дали сум сегашен или иден Штом сум провиден и невиден?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Невидено нешто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе