недоглед (м.)
Ветрушката пиштеше, се вртеше в круг, бегаше пред црно-белата двојка. Зад птиците во недоглед пловеше небото.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Денес, можеби, тој е единствениот град во Германија (седиште на покраинита) во кој среде град, покрај асфалтираните улици, се шират во недоглед многу лозја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Улицата откај станицата е преправена, сета е асфалтирана и претворена во широк булевар, се протега во недоглед и таа е главната артерија преку која овој град се поврзува со Југославија и Европа, како и со Атина, и со патиштата кои Грција ја врзуваат со Софија и Истанбул.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ПАРИСКАТА опсерваторија е извишена на едно рамно плато, на врвовите на париската рамна,на самите зафати на прочуената Медонска шума, која одовде, се чини, се протега во недоглед.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Заедно со живеалишните и добиточните згради, со живинарниците, кошарите и амбарите, со гумната и оградите за излачување на добиточниот подмладок, со бунарите и коритата за пиење на добитокот и со родните дрвја, Имотот, на садриазамот му се чинеше, се простира до во недоглед.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но за сето време од својот монолог тој постојано го кажуваше осакатеното п кое токму такво звучеше моќно единствено. тревата заспива близу до нас или залудноста како неопходен елемент во откривањето на ноќните феномени ...водата да нè искапе – благородница или подмолница ...кон ѕвездата рацете – кон онаа што одамна топли или кон прекрасната грешна што сништа ни мами ...да талкаме – по меката добрина или по некоја далечна дивина незнаена што чека ...допир, одново допир,одново... ...нашите тела впиени во загадочната судба питоми по милост сурови по зов ...о моќна ноќна љубовна жед ко врела змија болот блед трепери во недоглед ...а долу нека уриваат...и без темел јас натаму патувам осветлен во твојата нагост... последниот или околу мебиусовиот концепт за изумрените видови ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Лежат во недоглед и потаму, не ќе сокријам дека сонувам долго и црно , во црното светлост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пристигнат од Исток цвет или бран во трепет сет; на ветрови нежни сплет - прилика во тивок лет - кон спирален плови тек зрак зад брегот модро мек ненадеен од недоглед сам се влева в суден след: ред сред буден непреглед.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Необичен празник за неброените играчки кои, распрснати околу самовилите ги слулеа тој чуден понес, тоа никогаш не им се случило, ете, вклучени во ритамот на танцот, го покрија лизгалиштето во недоглед.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Човек имаше чувство дека таа би била совршено задоволна кога тоа јунско попладне би се отегнало во недоглед и кога количеството пелени би било неисцрпно, за да остане во дворот илјада години, закачувајќи пелени и пеејќи бесмислици.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Жителите на овие региони, сведени помалку или повеќе отворено на робови, постојано преминуваат од еден освојувач под друг, и се трошат исто како јагленот и нафтата во трката за производство на повеќе оружје, за да се заземат повеќе територии, за да се контролира повеќе работна сила, за таа да произведува повеќе оружје, со кое ќе се заземат повеќе територии и сѐ така во недоглед.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мажот е желен, жената пожелна
и така во недоглед возбудата
на раскажувањето живнува
јазикот е топол како крв
ласцивен кога бликнува
опсцен кога засирува
јагула-јазик
совршен и кога е разголен
без кошула без лушпа
како од матка изведен!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Н луташе со погледот во недоглед. Насекаде гледаше жена.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„Погледни се во огледалата низ кои продолжуваш во недоглед.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Вдлабен во една книга тој ја оставаше да ја чита подоцна, но набргу ја забораваше, и така во недоглед.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А ние сме, во и со јазикот, отворени од зборовите, затворени во зборовите, отворени кон другиот (низ комуникација), затворени кон другиот (со лага, грешка), отворени кон идеите, затворени во нив, отворени кон светот, затворени кон светот! И така во недоглед!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)