нелагоден (прид.)
Нелагодност некако му ја стега главата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Опколен со бадеми од книги, се прашувам која е мојата, кои се нашите? – чувствувам нелагодност меѓу тоа мноштво печатени страници, немоќ меѓу тие мртви и живи талентирани умни луѓе.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Освен тоа, Хичкок го користи старото правило, познато уште на Ајсхил во „Орестија“ дека најгрозните дејствија се случуваат покрај одарот: крајот на настаните од таа секвенца е хотелската соба во која љубезно разговараат Елза и госпоѓа Кејпор, од терасата Ашенден со двоглед ги забележува случките на брегот; секојдневниот животен ритам се дроби врз подлогата на нашето знаење дека во тој момент на друго место, насекаде се случуваат напнати и страшни настани што непосредно се однесуваат на соговорниците, непријатноста, нелагодноста се продлабочува со страшната „лоша вест“.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Полека минуваа годините, а кај Митре за цело време остана да тлее истиот нелагоден филинг.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Страв и восхит
Претпоставка:
Македонскиот крал
премногу го сакал светот
и премногу можел
и премногу претчувствувал
немал време, хронично немал
но сепак доволно
за да ги поремети
дозите предвидени за рамнотежа
на Просторот, и самиот
без смисла за умереност
- хармонијата е нешто друго, сосема
само предозирана волја, отровен концентрат
само неповторлив порив, рев по далечното
- туѓината како вечно искушение!
само силна страст по странствување
per se, дури и во јазикот
само вродена дарба
да и’ се тутне на смртта
грациозно, пагански
под здолништето
додека Оваа си игра
божем случајно
криенка-миженка
митска мижитатара
само сензибилитет за походи
општа хиперсензибилност
- просто да се спростре
врз далечниот Исток
ко полна месечина на полноќ
- просто да го освои светот
како туѓа жена
со чувство на нелагодност
а забраната стимулира
срна истрчува на пусија
во заседа, балканско дувло
империјална глутница
избришани, заташкани траги
имагинарно писмо
толку голема моќ
што се втиснала во потсвеста
за век-и-веков
жиг на восхит и страв
од повторување
од повторување
на судбината...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Црн лебед
„Признајте:
имате чувство на нелагодност
кога ќе ме здогледате
необичен, што од убост, што од суета
од таа метафизика на спиралата
нотниот клуч, змијата
- мене, бесрамно бел
- порив кон сакралното
неутешна жед за созерцание - езеро
милиони години сѐ тука, сѐ внатре
во времето, неизглаголена глоса
искубан крик!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Со тек на време све е ОК, освен малата нелагодност при случајната средба со проамерички настроените Реднекси (и по некој Хилбили).
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Чувствувајќи ја нејзината нелагодност и домаќините не инсистираа со дополнителни прашања.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)