немоќен прид.

немоќен (прид.)

Надојдоа жени; од подот го кренаа тие нејното немоќно тело, и почна со студена водица некој да трие Недино високо чело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Отпрвин, тој ја гледа во очите и потоа немоќно почнува да ја гали. Има нешто безмерно очајно и тажно во тоа негово преплашено галење.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ова е првпат да го гледаме Лукова така немоќен, смален и слаб. Се враќа Методи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сите ние - и ние терористиве и сета онаа мизерија од политичари, патриотари и џамбази и обичните луѓе, како тебе - сите ние сме немоќни пред она што се вика: судбина на Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дувам во јаката од палтово, но пареата е немоќна да лизне со топлина: предвреме замрзнува и се лепи со сињат по влакната на јаката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А Мегалон беше немоќен да стори било што.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Чудно, мошне чудно! - ја вртеше главата лекарот. - Медицината тука е немоќна...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Оф, несреќо! - си рече Малчо, чувствувајќи се немоќен и беден, како никогаш досега.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Овие се нови - рече Бојан гледајќи ги малите, немоќни јагниња, збиени во аголот од кошарата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Од пети до уши само инает! - немоќно ги рашири рацете дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да чека немоќен, да чека, ако го дочека јужниот ветер, првата помош во оваа долга, бела неизвесност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- „Нема никаков, медицината за оваа болест е немоќна...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сѐ така со глава кон душемето, како вистински крадец тихо, немоќно одговори: - Сакав да направам мајка, - шепна Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Науката сѐ уште е немоќна да претскажува...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Премногу сум стар, премногу сум сам, немоќен и уплашен за да можам да се кренам против злото, но со него, од бога, правдината и би ја распоредил така што секој створ на земјава да има еднаков дел од неа и да има еднакво право на неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А второ, науката сѐ уште е немоќна да претскажува и за тоа стручњаците се претпазливи: никогаш со сигурност не тврдат дали ќе избувне или нема да избувне, зашто низ историјата се правеле многу грешки; за оние вулкани за кои тврделе дека нема да избувнат - избувнале и уништиле многу луѓе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И додека немоќен, престрашен од себе, го пушташе тој грчевит звук да се излие од неговата ништожна, скршена сила, му прелета дека жената, единствената на која ѝ дозволи да ѕирне внатре, зад ѕидот, некогаш му рече дека неговата смеа е гласна воздишка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Литературата е немоќна без осаменоста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А сега го почувствував немоќен како дете.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе