неограничен прид.

неограничен (прид.)

Нигде облаче. Долгиот јулски ден ги испратил облаците на неограничен одмор.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Французите многу се излежувале, имале таму направено бањи, добивале неограничен број цигари, а какаото им било како вода.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како самороден војвода со неограничена од никого власт, тој почна и да заповеда заканително.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Втората, уште погруба, ја крши Ондин, кој сфаќајќи ја оваа забелешка преминува од вербални на физички удари, и јавно, пред камерите, ја казнува девојката, однесувајќи се како личност со не само неограничена лична слобода, туку и како некој кому сѐ му е дозволено.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од оваа неограниченост и од мултимедијалноста произлегува широкиот дијапазон на користени техники и материјали во мејл-арт практиката: налепници, разгледници, гумени печати, коверти, марки, телефон, телеграма, од една страна, до цртежи, слики, графики, фотографии, фотокопии, циклостил, колажи, уметнички објекти, звучни и видео касети, компјутер итн, од друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пораката е: Биди кул. Не паничи. Хаосот е добар. Хаосот создава неограничени можности.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зашто, само преку помирување на спротивностите власта може да биде задржана неограничено време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Познато беше тоа уште од времето на нацизмот; фолклорот во тој случај се претвори во политички обред на фетишизација на тестисите на Големиот Предок, чија една можна инкарнација станува Големиот Диктатор; мислам дека и немаше да ме разбере, оти Луција не беше интелектуално неограничена, иако беше многу работлива и чувствителна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тој луфт, тој циркуски неон и сега не се познава каде е мојот живот, мојата скриена фалинка не сум крив јас виновни се оние кои веруваа полесно ми беше да бидам неограничен во слободата да грешам, одошто да сакам ја имав секоја имајќи ја безличната жена, не груба, не глупа, не грда напросто ефемерна бришаниот простор ме плаши, не празниот ѕвездената прашинка која светка под папокот на мојата скокотлива куртизана, судбината мојот детски инат, залудното препознавање во сѐ што не сум јас зар не сум доволно смртен за да бидам и жив, и со себеси соочен зар јас ќе го напуштам светот не тој мене, мила моја!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Неограниченоста кај човека чини многу: со никакво богатство не може да се купи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Програмата, драги гледачи, продолжува со реклами за ретардирани, бесконечни репризи на Френдс, музика со пејачи у ѕвонарки и крагњи „додирни ми колена“, преноси од погоренаведените најбитни спортови, свештенички проповеди на сите јазици, телешопинг у неограничени количини, понекој филм со Бастер Китон и Марлен Дитрих, па пак реклами за уште поретардирани...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Се жалеле и од други работи и правото на озборување било неограничено
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Можете да располагате со неограничени количини од неа, како што располагате и со количините воздух во вашиот свет.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можностите на црните луѓе се неограничени. Допираат до сѐ“, рече тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Инсталацијата беше лесно изведена бидејќи во Друштвото „Осамени срца“ членуваа и угледни луѓе од различни професии кои, како што самите велеа, „ги поврзува долгогодишно човечко и деловно пријателство“, а тоа за службите отвораше неограничени можности за реализирање на својата дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Без каење тргнувам во потрага на неограничени прекрасни можности за живеење, исплетено со бои и мириси, како сонувач, талкач, скитник, живот без пауза, зошто секое погрешно застанување би било крај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Малку посовесните имаат ментална болка од инсолентното лицемерство, фарисејството, неограничената глупост која не може да се контролира.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Иако во времето кога го поднесувале извештајот „правните надлежности на АВНОЈ (и на Националноослободителниот комитет) сè уште не се јасно дефинирани“ и „сѐ уште не се зацртани границите меѓу регионалната Влада и централната власт“, тие сметале дека „би требало да се очекува, централната Влада да има неограничена власт, а регионалните влади сѐ уште се ембриони не само по форма туку исто така и во однос на власта. ‘Прашањето за федерацијата’, ќе напише Тито, ‘им е познато на многу наши граѓани единствено како израз –‘федерација’– кој претставува нешто подобро отколку она што беше во стара Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неограничени можности за слободно себеизразување за да се проба и забранетото овошје, слободно чекорење по негазени патеки, можност без срам да се разголат сите догми и ѕирне зад табуата на непишаните морални норми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Изненадувањето е многу поголемо кога во лицето на една старичка гледаш исчекување, а чекањето што е ако не е сигурност и неограничена надеж во постоењето?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)