неподготвен прид.

неподготвен (прид.)

Меѓутоа, Мисирков не е против Организацијата: тој беше само категорички против продолжувањето на неподготвеното и ненавремено народно востание, како и против планирањето ново востание за идната пролет, за коешто пишуваше печатот и за кое зборуваа некои наши револуционери. 47.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пролетта - Револуцијата како што ја наречува авторот, ги затекнува пасквелчаните воглавно неподготвени, ги изненадува како некое ново и непознато годишно доба и ги повелува по нови патишта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беше затечен, неподготвен, слаб.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Па сега, оваа вест на денот, го најде неподготвен!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И зошто ме фаќаш неподготвен, зошто ме гаѓаш незаштитен?“
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Пред вратата од катедралата стојат Богдан и Марија фатени под рак; Марија во едната рака држи букет цвеќе; облечена е во невестински фустан со широки набори и тантели, стегната во половината како балерина, а на главата бел превез и венче; Богдан е во црни алишта и со бело шамиче во малото џепче; насмевнати се, весели се; крај нив се неколку машки и женски прилики и неколку дечиња раштркани и неподготвени за сликање.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Така, среде грижите на нашиот секојдневен живот, невина и неподготвена, се наведнав над бубачката која дојде уништена.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ја дочека неподготвена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како да ги чита моите мисли, Филозофот погледна во мене и рече: „Словата се отровни за души неподготвени за чтение.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој сонуваше дека еден ден ќе дојде до почести надземни, дека логотетот нему, како на Писмородец, ќе му ја довери задачата на разгатнувањето на тајниот запис, за кој сите умни велеа дека човек неподготвен за знаење и слаб духом не смее да го види, па дури ни да влезе во источната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ти должам големо извинување, Ташо, бидејќи на твоето заминување гледав само како на обично поминување од еден ден во друг, или како на една од честите преселби на птиците што не се случуваат поради промените на сезоните туку само поради невремето што напати ќе нѐ затекне сосема неподготвени, а тебе токму тоа те снајде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
КЛАУС: Јас сакам на неподготвено.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ми кимнаа дискретно со глава додека траеше канторското читањето на Свитокот за Естер и во моментот кога беше изговорено: „Арур Аман”11, онака неподготвена, се потресов од бурата шумови со удирање по седиштата, викање и вртење штракала, во буката што традиционално ја произведуваа пред сè децата што во храмот седеа на посебни клупи и беа мирни во текот на читањето на останатиот дел од текстот, сè до местото во кое креваа врева до небо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нели можело волкот, наместо да спие, токму тогаш да си ги лакира ноктите или да си ги корне веѓите, и наместо тој, ловецот да биде начекан неподготвен?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Неподготвена за поигрување со степенот на толеранција, се препелкав во мрачно претпазлива неизвесност и колебливо погледнав.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Очекуваа дека нешто ќе им се случи, дека нешто ќе ги завари неподготвени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Умреница Стојам и чекам стрпливо, ги слушам другите кои, откако ќе дојдат на ред, стануваат свесни дека комплетно неподготвени дошле во Матична служба да бараат уверение, а не знаат, на пример, ни моминско презиме на покојната.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, сум дошла неподготвена, да не речам ненајавена, а таквите не поминуваат добро. Тие поминуваат лошо, многу лошо...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Како! Требаше порано да ми кажете, не вака апансаз, неподготвена...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вака беше третиран како обичен инкасатор кој дошол да го види водомерот и да наплати вода, а притоа го затекнал домаќинот и домаќинката, онака разгаќени, неподготвени за неочекуваниот посетител.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)