непристапен (прид.)
Додека пристапот на Чебренскиот Мост го штитеше тесниот пат и непристапните карпи, оној на Светецот беше незаштитен од природата, та требаше на вештачки начин да се бара и создава заштита, макар и по цената на човечки животи. И ја најдоа бунтовниците.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кадијата ги испрати малите идни јаничари во Истанбул и се отстрами од својот голем покровител Сулејмана, a Мариовците за првпат ја сетија грубата турска сила на својот грб и се затворија во својата непристапна дива област, решени да немаат никакви врски со лошите прилепски Турци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Како змеови да им ги пазеа влезовите - тие беа непристапни тврдини за гладните, безработни луѓе... Црни и проклети времиња!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Некое лето, барајќи по темните и непристапни кории легла на волци, ненадејно бил нападнат од волк.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И колибата, особено сопчето во кое спиеше Бојан, беше непристапно за волци и за кој и да било друг стрвник, освен за човек со лоши намери, но од луѓе Бојан не се плашеше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И си ја зеде Бахтијар грижата да го докусури востанието со фаќањето и ликвидирањето на самиот востанички штаб, кој по сите сведенија беше склонет во непристапните мариовски планини.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тогаш во куќата, како нешто што е неизбежно се знаеше за една тајна: горната одаја, лево откако ќе се искачиш по скалите од дебели дабови штици, беше непристапна - дебели алки, низ нив поцрнет синџир со врзани краеви од тежок старовремски катинар.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Несреќниците не побарале прошка од никого. Се повлекле зад диви и непристапни врлежи, во земја на вечни сенки и на дивина, да се молат поснички и да гнијат. Им се заборавиле имињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ние сме свикнале да го гледаме просторот поаѓајќи од нас самите, од нашиот внатрешен свет, од нашата невистинита длабочина; ние сокриваме, ние маскираме, ние лажеме затоа што сакаме да ги притаиме нашите чувства, сокривајќи се во аголот на итрата непристапност; сето она што е прифатено да се нарекува психологија, сето она што „нема место да постои“ во социјалниот свет, околу што се кодира и се формира нашето „јас“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Посебната грижа за репродуцирање во „period flavour”, со користење на архаизми во преведените текстови, во деветнаесеттиот век, често го правеа текстот на ЈЦ непристапен за читателот, многу повеќе од самиот текст на ИЈ.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Дознав дека мозокот е неискористен биокомпјутер кој содржи милијарди непристапни неврони.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Всушност тој глас на проклетото суштество или шпионче, кое дебне од длабоката скривница изградена во мојата утроба (во секој случај таа скривница се наоѓа таму негде, добро камуфлирана и непристапна поради недоодната мрежа од коридори) најбезобѕирно ме исмејуваше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
4) Прескапи судски такси, трошоци и тарифи и непристапност до судовите поради недостиг на финансиски средства Присуството на овој системски проблем, на којшто ДСП „Ленка“ укажува во повеќе наврати, само се потврди со оваа студија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нели Грамос ќе го направиме гробница на непријателот? Нели Грамос е непристапна тврдина?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)