непроменет (прид.)
- Не сакам да одам непроменет, вели татко, не сакам кај господ со турски алишта, вели и лежи на гола рогузина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така неискапена, непроменета, непреоблечена. Ја покривам со земјата и се чудам: кај отиде огнот нејзин, како остина толку. Ја закопувам Капинка, а се молам Ѕвездан да причека, да не умира денеска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Татко ти тоа го вели на шега, а употребувајќи ги тие изрази сака да каже дека јас сум некаков борец за правата на жените за ослободување и менување на нивниот, со векови непроменет, живот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ги очистија просториите, прибраа дрвца од околу зграда, ги разотворија бовчите и демите, алиштата непроменети во патувањето ги заменија со испрани фустанчиња и фусти и цел ден не му дозволија на ќумбенцето да го излади мешето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Немаше значење што собата беше мала, пикната во еден зафрлен дел од хотелчето и што смрдеше, најмногу од теписонот, никогаш непроменет и скапан. Веднаш заспав.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во неа, со најмногу живот, беа останати Татковите книги, со неговиот непроменет распоред.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тие, се разбира, ќе останат непроменети, а ти, во најдобар случај, ќе добиеш малку црна, посмртна слава.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Па сепак, традицијата, вредностите, ритуалите и хасидскиот начин на живот останаа непроменети.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
ЗИПРМ (1994) го остави непроменет процентот на платата која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите од плата, но пропиша дека мерило ќе биде просечната месечна нето плата по работник во гранката на која ѝ припаѓа правното лице (чл. 5, ЗИПРМ/94), а не просечната месечна нето плата по работник во стопанството објавена во тековниот месец.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во овој дел на градот непроменети се само рибарниците.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Манџата на нашите културни дејци (се мисли на оние што се одредени да ја готват), изобилува со многу „поправки“ кои секогаш ја чинат непроменета, иста.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ставата од нејзината рана младост со години ѝ беше непроменета.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Институциите брзо се менувале, но табиетот на владетелот како пресуден си останал непроменет!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овој труд Климент Камилски долго време ќе го разгледува и ќе размислува за судбината на секој збор провлечен и речиси непроменет во сите балкански јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)