непростлив (прид.)
Знаеше и самиот, слушајќи ме, оставајќи ме да се доискажам, пред присутни сведоци, дека слегувам уште подлабоко во спиралата на големата и непростлива ерес во атеистичката земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Имав запишано, а тоа овде го разбрав подоцна, за моја фатална и непростлива грешка, дека Албанците најмалку што треба да направат за Фаик Коница е првин да ги пренесат неговите посмртни останки во земјата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На својот детински начин Винстон разбра дека штотуку се случило нешто страшно, нешто непростливо што никогаш не ќе може да биде заборавено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неопростлив грев беше промискуитетот меѓу членовите на Партијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дали Даниел сега чувствуваше дека се прочистил од она за што тој веруваше дека е непростлив и незаборавен грев направен против него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Заколеничи и му рече: – Постапив непростливо. Ми фалеше вербата што Господ им ја наложува на верниците.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)