нерасчистен (прид.)
Тоа страшно што ги снајде жителите од нашиот град беше толку многу присутно насекаде наоколу... во нерасчистените урнатини, во луѓето облечени во црно, во изразите на лицата...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
А за тоа, за да бидат српските војници толку погани со жителите на Потковицата, имаа посебни и нерасчитени сметки уште од времето кога српските четници, оние на војводите Јован Бабунски и на Вангела Скопјанчето токму овдека, во Потковицата, беа претепани и понижени.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Мислев на нерасчистени сметки на нашиот пријател со власта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во кусите периоди во кои едни војски доаѓаа а другите си одеа од неговиот град, се обиде да ги среди нерасчистените сметки, особено оние што се однесуваа на обврските кон Организацијата, по чија што задача токму пред војните се врати од планината во родниот Штип.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеби таквото чувство беше резултат на неговата увереност дека раководителот на службата си ја познава работата и нема да постапува онака несигурно и со многу нерасчистени пречки како службеното лице од пред малку.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На мигови опфатен од чувство на дефетизам, кое беше мошне често кај балканските интелектуалци, формирани на Запад или Исток, сакаше да му каже на Татко јасно и гласно дека и нивната потрага по опасните османизми можеби ја губи основната смисла кога остануваат нерасчистени фундаменталните прашања за потеклото и врските помеѓу јазиците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)