нетрпение ср.

нетрпение (ср.)

Најмногу им тежеше неизвесноста до кога ќе ги држат во затворот. Co нетрпение чекаа да ги изведат пред султанот, со надеж дека ќе ја разбистрат работата и ќе бидат ослободени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе се обидеме. Или тие мене, или јас нив – се закани стариот кадија и зачека со нетрпение да го извести Ајша дека вечерата е готова.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите со нетрпение чекаа да им раскаже тој како успеал да се пробие низ многубројните турски заседи, за да стигне од Прилеп во Крушево.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Горам од нетрпение да видам што е тоа што те тера така брзо и така лесно да го извлечеш пиштолот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со големо нетрпение очекувам, врз моите бели, мазни листови малото раче да испише први букви и зборови.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Со нетрпение очекував да ме одвиткаат и да видам какво е тоа мое девојче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
II Денеска со нетрпение чекавме да влеземе в училница. Радоста нѐ скокотка и сите како пчели брмчиме и врескаме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Трајче со нетрпение чекаше што ќе стане.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Долго време и со нетрпение чекавме со извадени ножеви.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Жеравите беа драг спомен, убаво сеќавање на смирените предзимски ноќи в село, кога децата со нетрпение го очекуваа снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Што велиш, Толе, да ода или да не ода? — го праша Митра Толета и со нетрпение го очекуваше неговиот одречен одговор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- јас реков, не можејќи да го скријам нетрпението што побрзо да си тргнеме кон дома.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Уште не одеше во училиште, но со нетрпение ги броеше месеците, бидејќи беше наполнила шест години.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Посетите имаа чуден ред, што отпрвин ме збунува, а потоа исполнува со слатко нетрпение.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Другарите веројатно веќе ме чекаат со нетрпение на игралиштето за фудбал.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Одвај одам од исцрпеност, а сепак, нетрпението да пристигнам, не ми дава да подзастанам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со болно нетрпение ги следеше пците кои како гладни, исушени свињи го риеја патот низ ноќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе