нешто (зам.)
Бегајќи од шумот на твоите врсници, често нешто во мисли те влече: во сонот ги гледаше битките, а најаве место играчки — имаше мечој.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Со опашан,тежок меч често те гледав да шеташ, пламено нешто шепнејќи.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Во тоа време сите куќни луѓе биле по работа в поле, само Босилка била дома и како што си го низала ѓерданчето, го оставила на ругузина па станала да ги види в куќа свињите, нешто пакост да не сторат.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Слушај, синко, нешто што ми текна да ти кажам: за Сивета и Чулета.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Станала Неда да си земе нешто дома и Силјан слегол од куќа, та ѝ го зел клопчето што везела сосемати игла и го качил на куќа, та го скрил во сламата за ич да не се сеќава.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
148. За да се убеди човек во тоа нешто, доста е да ја прегледа историјата на Немањиќевата држава од времето на цар Душана до смртта на Волкашина, особено периодот на распаѓањето на Душановата Империја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
122. Така на пр., г.Баласчев, охриѓанец родум, наместо да се занимава специјално со историјата и интересите на Македонија, ми ги изучува бугарските интереси и „материјалната култура на бугарското ханство” 123 нешто што го има за Македонија истото значење како и историјата на Абисинија до покрстувањето на Абисинците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бугарија и да водеше „самостојна” и „национална” политика, т.е. да беше орудие на Тројниот сојуз против Русија, пак немаше да направи нешто, зашто сега ги нема тие натегнати односи помеѓу нив што беа при Стамболова.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
ПОЦКО: Не. Попат ми текна нешто... Ќе чекаме... (Покажува кон лозјето.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Се битиса и се батиса се... Многу сум балдисал, нешто ми се скршило овде. (Покажува на градите.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
А таму, бре, ракија, бре туршија, бре татлија, бре нешто ветво, бре нешто ново, сѐ што ти душа сака!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Сѐ нешто треба човекот да го гризе!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Има, има - в темнината нешто живо пак да свети: има болка на душата има души наранети.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Таа е и тоа и нешто спротивно, но не нешто спротивно „однадвор“, не како проста и мртва негова разлика, туку како негова жива спротивна страна, појава, особеност, суштина, итн., којашто и го обусловува.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
БАБА АНЧА: Еве го иде... (продолжува да иде во средба од Илија, го дочекува и нешто му говори).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Но, нешто не беше в ред.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Мече го изгледа зачудено и застана. – Каде ќе одиме? – Не прашај, туку брзај – нетрпеливо го потргна за рака Беличот. – Ќе ти кажам нешто.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
- Стани, ќе ти кажам нешто.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Беше средностав, згрчен во дваесетгодишно палто, бос, неизбричен, со тешко определиви години. беше човек што со нешто особено во исто време привлекуваше и одбиваше и долго се паметеше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Набожни, озлобени, додворливо наведнати пред власта, иако многумина од нив луто ја мразеа нејасно и потајно барајќи нешто што не ќе е вака - жандармско, даночно, грабливо, нешто што ќе е без тешки потковани чевли под чии клинци тие се виткаа со бавност на црви.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)