низаеден прид.

низаеден (прид.)

Ги изгледа двајцата од главата до петиците. Рече: - Лајна низаедни.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Со кого се среќаваше во сонот, копилешке низаедна, ќе рече и ќе размавнува. Со клоци ќе ме истерува од дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зошто се смееш, кому се смееш, парталко низаеден!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сега мислам дека таа тогаш в лице ми рече, море еби си мајката, шанкуре низаедно!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кодош низаеден, си велам јадосан до немај каде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Блеки, немирко низаеден! Така ли се бега од дома? Јас те галам - а ти си сакал другари. Е, Блеки, Блеки...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Жената се исправи и ги испрати стражарите со „Да ви ја..л мајката ваша, копилиња низаедни!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Види го, невоспитан низаеден!“ - се налути дедото.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А вие ме гледате зачудени и се смеете! Леле, чудовишта низаедни!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па дури и името и го нагрдиле: од Вардар - Вардариште - ѓубриште низаедно смрдливо!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако сакаш домашно животно, грижи се за него, никаквец низаеден, повторуваше во себе авторот сѐ полут и полут.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да те еби Лазо Колишевски и Вера Ацева! Јаничари низаедни и предавници на македонскиот народ!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А другарите мои, и тие како мене, кој со една нога, кој со една рака, ама женети, постојано ме советуваа и ми велеа: - А бре, шутрак низаеден, прибери се еден ден и ожени се за да живееш како човек, а не така...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Море, те фатив јас тебе во незнаење, лаик низаеден, тој мене ќе ми докажува работи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- И да ти кажам, ти голтар низаеден, така лапајќи, можеш само стомак да си расипеш, разбра ли?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)