нималку (прил.)
Но нималку не му помогнаа нозете, ете!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И Зоки трчаше по собата, го дуваше балонот, пак го испушташе воздухот и пак ја врзуваше грлушката толку занесено, само за да му покаже на стрико си дека ете, тој и без неговиот подарок убаво си поминува и дека нималку не му е криво што ништо не му донел. Ако, нека види!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ѕидовите ги пропуштаат само оние што доаѓаат. Но тоа не е нималку важно.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Додека му помагав на Шукри да го симне орманот низ скалите, помислив – не е нималку чудно што ми се случи да ја сонувам Мајка.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
„Личните односи“ за твојата „лична“ културна политика се малку или нималку важни.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
И што е најчудно, чувствувам дека ваквиот наш однос јас не ќе можам нималку да го изменам.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Лебдееше во некој песочен крајолик, нималку на лик на каменестиот брег на островот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дупките, барите, бездните...ги прескокнуваше во црната, припиена роба, нималку стеснета, без страв од епидемија, пад, студена војна.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дали страдате кога помислувате дека некои луѓе зборуваат, мислат или прават зло? А не, нималку не ми е грижа.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тоа не е ништо, одговара нејзиниот креветски другар, нималку збунет.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Таму, наизглед главниот лик во тие вицови, самиот Херцеговец, всушност воопшто и не излегува на сцена. Нималку случајно.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Устата му се чепотеше до ушите, откривајќи ги нималку детските челусти; и беше чудно што лешот има толку подвижна, жизнерадосна уста; клемпавите уши му се зацрвенија од приливот на претходно исцицаната крв; лиценцето го беше подигнал угоре, кон Бога; неживите очиња ги затвори и пееше внимателно, со труд, дури мртвите жили на вратот му отекоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Роберт Кувер ЛИФТ 1 Секое утро без исклучок, и нималку не размислувајќи за тоа, Мартин користи лифт без лифтбој за да се качи на четиринаесеттиот кат каде што работи. Така ќе направи и денес.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Како и да е, нивната посета не ѝ донесе нималку радост.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ми зборуваше дека боите веќе не се бои, и дека се само обоени; јас тоа го сфаќав како последица на потрес на мозокот, оти навистина Фисот не беше нималку нежен кон него.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Траеше тоа бесконечно долго; најпрвин ме скокоткаше, и јас се извлекував од под него, но тој постојано ме враќаше назад, нималку нежно, со грубите раце, и продолжуваше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И таа негова смиреност, што не беше нималку слична на неговото однесување кога порано се гледаа во присуство на Атиџе, и таа го издаваше бегот: знаеше тој, знаеше зошто се тие тука, и бидејќи се беше обезбедил, покажуваше сега расположение што не му доликуваше на неговото убаво лице.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мудрецот Во најдлабоката внатрешност на планината, без нималку надеж, дека ќе сретне жива душа, пред него на патот, здогледа легнат старец, со долга бела брада, речиси до појас, долга бела коса која му паѓаше кротко низ рамениците, спуштајќи се надолу преку свиената грпка.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Неподвижно од немоќта на Еразмо да оди по невидливиот пат на духовното, лежеше на едно место, приковано од Еразмовиот сомнеж во себе, без нималку верба; одвај дишеше, живуркаше полно со желба за живот во очите.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Гледајќи го својот земски бог погледни малку во бедотијата своја ништожен поданик, нималку вреден жеден за внимание, беспомошен слуга Коленичиш пред тој изрод и крвник во твојата внатрешност сѐ е пусто обезличен дух на обичен смртник со мирис на катран и горчливо чуство
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)