нимфоманка (ж.)
А кога Пек заради нимфоманка ја напушта својата отмена жена, мора да нѐ увери дека е опседнат со неа.”
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Работата е и во тоа што Пек се понижува заради љубовта кон една жена која е подготвена да го земе секој маж - па дури и собарот. Жената очигледно е нимфоманка.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Предаден е живописно Летот
таа нес(о)вршена именка
таа нимфоманка
тлоцртот на гризодушјето
живиот песок на егзилот
- штрковата земја, навидум пуста
стравот да се користи истиот јазик
да се проколне, зборот да оживее.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Нели рековме нимфоманките да останат во нивните простории и да немаат пристап на карневалот?,“ викаше однекаде медицинската сестра Хилда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„И проверете дали другите нимфоманки се добро затворени!,“ им викна Хилда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Затоа што рековме: нимфоманките ќе останат заклучени во нивните соби за време на карневалот,“ рече доктор Фројд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)