новопечен (прид.)
Ах, новопечен градителу, нека ти помогне Големиот архитект на небото, создателот на сите светови.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Цел ден, дури траеше првата есен, новопечениот трговец седеше надвор опчекорен на дрвена клупичка и играше дама.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Оваа одлука којашто се коси со важечките закони, новопечениот директор успева да ја издејствува преку надлежниот орган – стручниот колегиум на МЦ, во кои седеа неговите истомисленици.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Другите, занесени со јадењето, не го забележаа црвенилото и грчот на лицето на новопечената невеста.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За дар, новопечениот аспирант за доктор, од Снежана, мајката која во него ја вгради сета своја мудрост и добрина, доби стетоскоп и апарат за мерење притисок.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Завртени грб со грб, како два различни света, новопечените младенци бессоно ја дочекаа зората.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)