ногалка (ж.)
А на пругата, што ќе видиш: купишта војнички казанчиња, матерки, порции, пушки без кундак, железни колци и ногалки од топови и шлемови и што не. Сето истурено, израстурено, сплескано.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А кога ги спушти ногалките на чардакот, проговори како човек на земја: колку мисли да остане?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога ќе ги подотвореше питите, оттаму ќе му замирисаше тестото на домашниот леб од детството што го месеше баба му и го печеше во домашната фурна двапати во неделата, а го држеше во дрвен сандак на ногалки и со дрвени шајки, покриен цело време (лебот) под цедило, ни исушен ни стврднат со денови.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На истиот начин се користат горните и долните краишта од ногалките на креветите.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се плашев дека пластичниот стол ќе се распрсне или дека ногалките ќе се раскрачат како ноџињата на онаа срната во цртаниот филм, кога со зајчето лизгаат на лед.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Се обидувам да се искачам по двете монтажни скалила пред најтесниот кревет обложен со кожа, одвратен, со оние метални ногалки извиткани угоре.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)