облизни (св.)
шумот на ветерот или како драматичниот гурманолет станува историја ... кога водачот јавнат на столица пеејќи борбени песни за ноќните коњаници место следбеници слуша еребици зошто одамна не каснал дивеч туку мора секојдневно да џвака леб сирење и пржени пиперки кога сиот озарен довикува да ги стават во сос со кнедли тие следбенициите веќе сто и еден ден пред портата (тука водачот слуша торта и се облизнува над единствениот вкус на детството)во секој зрак што се одбива од полуразурната куќа на старецот откриваат нов збор а оној меѓу нив што го одредија да ја пренесува светлината занесен го носи сонцето во сонот и во здивот што го топли како со него да дишат далечните претходници...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Дожд. Сливата гранка свила Тагата облизнила.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Маци стоеше на долапчето во собата, се облизнуваше и ме гледаше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Нека нѐ грее гревот.
Облизни го јазот
меѓу показалецот и палецот
тој свет-за-себе
таа невидлива сила
љубов-заради-љубов
ништо друго.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)