оди (несв.)

Чесно молејќи се богу, одејќи пристигнаа се до планините стрмни, толку надиплени многу.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе одам . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но каде да одев, да скитав, јас не сретнав појунак човек, жено, од сина ти сакан.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
– „О јас сиромав, си рекол сам со себе, угоре високо, удолу длабоко, да се вратам, кај џевнем да одам?
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој многу пати велеше: кој оди од кол на кол, колот...... ќе му се пикне.
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ете така, Силјане внуче, ќе си одиме, ич да не береш колку за тоа гајле.
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Правописот на еден јазик, како и изработувањето на еден литературен јазик, може да оди постепено и полусвесно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако, значи, го разгледаме тоа прашање, ние не се враќаме назад, а одиме напред, сознавајќи ја неговата важност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За г.Бешков попрашајте кого сакате во Битола, било тоа од персоналот на тамошните консулства, било од бугарските учители, било од влашките, било од граѓаните или најпосле од Циганчињата со кои има разговарано г.Бешков, постојано одејќи по градот без работа, и сите ќе ви кажат кој е г.Бешков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А мнозина што се погодени лесно, испотени, жедни, и жедни да платат, со пеење одат, со пцуење бесно, на Вињари нова пусија да фатат.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
ТЕМЈАНА: Зошто си се облекол Маноиле! Каде ќе одиш!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
МАНОИЛ: (Ја испушта пушката и паѓа изнемоштен) Оди си, ќе ослепам од твојот блесок!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
МАНОИЛ: И ти Темјано. Оди во спалната! Таму ме чекај. Не ми е ништо…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ако е „заслуга“ на империјализмот „воспитувањето на црнецот за работа“ (без принудување не оди…) „опасноста“ на империјализмот се состои во тоа што „Европа ќе го стовари физичкиот труд – отпрвин земјоделскиот и рударскиот – а потоа и грубиот индустриски – врз плеќите на човештвото со темна кожа, а самата ќе се повлече во улогата на рентиер, подготвувајќи со тоа можеби економска, а после и политичка еманципација на црвенокожите и темнокожите раси“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Систематски се развива извесна поделба на трудот помеѓу неколку стотици финансиски кралеви на современото капиталистичко општество: „Во чекор со тоа проширување на полето на дејноста на одделни крупни индустријалци“, (кои влегуваат во управните одбори на банките итн.), „и со ограничувањето на провинциските директори на банките на еден определен индустриски округ оди извесен пораст на специјализацијата на раководителите на крупните банки.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Кога слушнав таму дивјачки говори, кои беа, сите, еден извик: леб, леб!, јас, одејќи си дома и размислувајќи за виденото, се уверив, повеќе одошто кога и да било во важноста на империјализмот…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
КОСТАДИН: Оди, братче ти е. (Пауза. Си ги допиваат кафињата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТОЈАН: (Крева барде со вода, а мисли на вино). Аирлија нека е, што работевме! ЗАФИР: Не ти оди благословот со вода...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
За тоа не одам на печалба...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АРСО: Е, оди со здравје, пријателе! Ме измачи ѓаволски селанец!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Повеќе