одмаздник (м.)
Го ценев и затоа што призна дека сме посилни од него, им се радував на прикаските што ни ги расправаше за непознатиот скопски Рокамболо, одмаздникот Киро Атевиќ, за кој не знаев постои ли навистина или е измислен.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Ако го најдат, ќе видат дека е Турчин и ќе нè гонат. Тие се големи одмаздници, не ние.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
До султанот и до неговите паши стасале многу поплаки против одмаздникот, шербетот што го пиеле им станувал горчлив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Изморен од толкуте настани што го напаѓале во последно време со клунови на злокобни и крајно безмилосни птици одмаздници за нечие туѓо зло, на попот сè потешко му паѓала суровоста на човештвото што сега, еве, се претставувало преку лесновските жени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие, казнетите, кои се осмелија послободно да се движат, народните непријатели, де, и јас, народниот одмаздник, се најдовме во една одаја, се гледаме накриво.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Народните непријатели, под строгото око на народните одмаздници, како мене, нели, целото место околу вилите фино го оградија со плетена жица, висока едно две метра и повеќе и најгоре врзаа и два - три реда бодликава.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)