одморен (прид.)
— Таман се позавати горедолу со сермиичка, па ете, го најде ампа, му умре Стоанка и сега пак остана како никој нигде, ни опран, ни закрпен, ни асолно најаден и одморен.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Патема трипати ги сменуваше коњите, остави уморен, земи одморен.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од летовањето се врати освежен, одморен.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Одеше со чувство дека му гази в петици на она ѕвере, што поминало тука не водејќи сметка за него; беше лесно да се чекори по тој широк пат, беше одморен чекорејќи по него, а кога навлезе подлабоко меѓу дебелите стебла под снежната сеница на крошните од дрвјата, тој можеше бесшумно да се покажува во секоја од идните долки, што му го сечеа патот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се собраа токму на време да видат како Ластовицата, одморена и свежа, се одвојува од јарболот и летнува кон север.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Утрото, наспиени и одморени, децата излегоа од стариот вагон и со вреќи на грб заминаа негде во градот што се будеше.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Попладнето, одморени, осушени, нахранети Бојан, татко му и шумарот се упатија в село.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Татко ми ја пречека со благото, отворено лице, одморен, свеж.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Друг генерал, член на највисоката команда, кој одморен, наспиен и сит на коњ стигна преку југословенска територија, наредил без одлагање да се оди во напад.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)