одново прил.

одново (прил.)

Македонците бараат национално обединување помеѓу нив, но притоа сакаат тоа обединување да стане не врз нова почва, не да се зафати одново, зашто таквото обединување ќе бара многу време, а обединувањето беше важно како средство за постигнување политичка слобода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа натера одново да се прегледа прашањето за народноста на Македонците и да се реши ни во полза на Бугарите, ни во полза на Србите, а во полза на одделна македонска народност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тешко е братко, Стојане, мило да немаш крај себе, сакам на книга да учам, в очи ми солнце да влезе, мракој ми душа затнале, ко лисја капат денови, в гора мени промени, одново лист ќе потера, а мојте братко, младини не ќе ги видам никога. – Дејгиди кучко погана, куќа ми, кучко, поцрне.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Тој одново усети дека се лулее на езерски бранови и клепките му се склопија, тешки како налеани со олово.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И така, Мече се најде одново пред командантот на младинските бригади.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој одново побара одговор и јас едноставно процедив. - Не, знам, господине.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Е, гледаш. А јас ги имам, одново се пофали оближувајќи ги лепливите усни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Удри со белата платнена чевличка по калдрмата, чиниш ќе заигра и одново се насмеа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чекаше бункерски да зајакне во оваа ноќ како и во многу други ноќи откако одново се врати в град.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нејзиниот живот доби нова смисла и таа почувствува дека е одново среќна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сцената, сосем како што изрони почнува одново да потонува во мрак.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Блазе си ти. По свршената работа одново ќе се вратиш на Пирин, на својот Пирин, а ние ќе останеме... овде.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Од кујната одново почнува да се слуша пијаното пеење на Фезлиев: „Не плачи, мило моме, не жали, Јас пак ќе се вратам...“)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Следниот ден Арсо одново паѓа во својата треска.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој одново се зафати да ја прогонува смртната ладнина во телото на својот другар. Запарност му лежеше на плеќите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овие раце, продуховени од некоја немирна страст да стигнат и да уловат нешто во теснината на оваа глува дупка, се пуштаат се напред, ја влечкаат влажната мека маса и одново, со точноста на механизам, жедно се провираат под нозете и градите на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Пе... пе... – одново го храбри мајка му, а тој зинал во неа за да ѝ ги погоди мислите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Погледај го пак мојов цртеж и почни одново!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Повеќе