озборување (ср.)
Па најпосле, која свадба била без озборувања, та и оваа?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Снимките на тривијалните разговори и озборувања што кружеа по Фектори беа исчукани и средени од Боб Коласело, а резултатот на тоа беше книга како некаков компромис помеѓу Глас на Дерида, поради редовите на рефлексивна проза во неа, и синопсис за некаква сапунска опера.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Зошто јас морам да се интересирам за озборувањата на две стари жени.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Затоа уште пожестоко избива во патолошка форма, како ресентиман што се храни со приватно озборување.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Изгледа тогаш Трајчеица сѐ уште не беше зацапана во генералот, или уште беше загрижена за чистотата на своето име во идната живеачка како вдовица, па не сакаше да дава поводи за озборувања и други какви било приказни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Ако си дошол да ми ги пренесуваш озборувањата на маказарчани“, реков, „те молам да станеш и да си одиш. Гнасно ми е веќе“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Не е фер да го озборуваме.“ „Не е озборување, туку констатација.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Почина кутрата при породувањето со ќерка му Германија, после што Германија ја зеде да ја гледа сестра му Галица, Гала и со неа се пресели во Охрид зошто тука не можеше да ги издржи озборувањата на луѓето кои уште со прст не покажуваа на неа поради нејзината толку јавна врска со германскиот офицер...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Нов материјал за озборување со нејзините пријатели.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но и порано а и сега сум сигурен дека престојувањето на партизаните во нашата куќа не е измислена приказна и обично женско озборување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се жалеле и од други работи и правото на озборување било неограничено
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Колку озборувања, клеветења, па кодошења доживеа додека беше жив?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Она што во меѓувреме успеа да го дознае за тој крлеж, го дотепа: дваесет и две години, единец од богата фамилија, декоратор на излози по модерните дуќани, проследен со невнимателни озборувања за неговата бисексуалност и добро втемелениот углед на платен утешител на омажени госпоѓи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ранетиот Гарибалди се мачи да не офне оти во Пиза озборувањето е прилично распространет спорт и од едно обично офкање мигум се прави претсмртен вресок.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Младен, кој најмногу од сѐ мразеше озборувања, овој пат охрабрен од неколкуте испиени чашки само ѝ одбруси.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Градот беше мал и озборувањата се ширеа брзо.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Одолеа на сите напади, сплетки и интриги. А на оние, кои живееја од озборувања, одамна им беше ставила црта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Секоја среда и петок, кога им се совпаѓаа часовите, се среќаваа на партија озборување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Никој не сакаше да се закачка со полковник на Стојановата гарда, па во секретаријатот Бојана беше примена како нужно зло и омилена тема за озборување.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)