озлогласен (прид.)
Во 1942 година е уапсен и осуден на смрт со бесење како организатор на атентатот врз бугарскиот висок полициски функционер во Скопје, озлогласениот Мане Мачков, казната е преименувана во доживотна робија која ја издржува во скопскиот затвор Идризово.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Го барам озлогласениот клуб, со егзотични танчарки, Spred Eagle.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Преку претставниците на озлогласениот режим, во секој миг, кога албанските собеседници се обидуваат да го понижат (или да го придобијат) во сугестивното присуство на нивните ликови, тој ќе открива извори на моќ да се противставува.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сакаше еднаш да го види тоа озлогласено место во кое неговите земјаци чавееја и со години пред да ја доживеат својата шведска, канадска и американска иднина.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Доколку се предомислите и не можете да си го одземете животот, викнете некој од затворските службеници или озлогласените цимери да ви помогнат и да ви ја држат главата во вода неколку минути и самоубиството ќе биде благовремено извршено.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Татко се увери дека можеше да се пишува нова историја за османското време само врз основа на автентичните документи која би имала сосем друг поглед врз озлогласените институции посебно во мотивите во промената на Бога, на јаничарството, но и за позитивните облици на соживот меѓу христијанското и муслиманското население во долговечниот период.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)