озрачи (св.)
Капетанот го крена својот капетански двоглед, ја догледа уморната птица на врвот од јарболот, а под строгите веѓи лицето за час му се озрачи со топла насмевка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Тоа расплодување врз невидливите патишта на ветрот, невидливите патишта на просторот и воздухот на него, во исто време е и врската со невидливите предели на озрачувањето.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И главата му беше озрачена и на лицето имаше озрачена насмевка и големо задоволство.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Црни, прави, издолжени зеници
кабаре бастуни, караван плајвази
камбани нечујни, витки
ќулафки од грб гледани
стожерниот дел на крстот
језуити озрачени со водена светлост
најстрогиот Ред во историјата
на езерото, чудо во Охрид!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Колку митарства за да излезам
од пламената кошула во која
за првпат ме озрачиле?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Блажен, оживувачки, неискажлив бран на радост во душите и срцата; блика радоста од очите, од солзите, од образите, избива од секој збор и довикување, од плачот и :воздишките, напојува, озрачува, исполнува и овладува...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)