олади св.

олади (св.)

Невестата Митра ја кренала последната подница од погачите, но пепелта уште не е ометена, оти тепциите треба да стојат под вршник да не се оладат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веќе е студено во собата а и печката е оладена.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Сигурно се поколебале...“ Помисли Панде и сосема се олади.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Очињата им се оѕверија, се затаија во себе како мачки пред да рипнат на жртвата, но истовремено сфаќајќи ја својата немоќ и се оладија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Додека чекаше тие малку да се оладат, здроби едно јаболко и го стави пред Кротка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По тие зборови, некаде во зорите, почна да се тресе, да се оладува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сиот се оладувам, вели и рацеве ми се испотено железо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Откако ги изнатрча и испоти, Геро ги пикна во езерото да ги олади и отрезни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Изворот е далеку да појде да се олади, но и кметот не остава да се оди додека се работи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оружјето во нејзиниот џеб сосема се олади.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
По ѓаволите! Печката изгаснала, а водата се оладила“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се оладив. Се здрвив. Мозокот ми се укочи. Срцето ми застана. Го изгубив гласот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Требаше да одам да побарам кутија цигари, кога Жабе од ќошот му викна на продавачот: „Чане, дај му на Симона едно пиво, нека се олади“. Она „нека се олади“ го нагласи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Водата стигна во најубавото време, кога беше жешко лето, кога устата бара да се олади, а снагата да се искапи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Грлото ми се радува, телото ми се оладува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден ваков неочекуван настап на Непознатиот зарем нема веднаш да те олади?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На брегот со исушена трева се задржуваше само толку колку да го изголта лебот и сирењето, а потоа оставаше да го олади студената вода на Вардар која не ја плискаше врз своето лице и снага, туку се нурнуваше во најдлабокиот вир крај врбата на свиокот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Меѓутоа сето ова сепак само ги олади односите меѓу нив, а немаше само по себе да доведе до непријателска разврска.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
ХЕРЦОГ: Дома сигурно сите веќе пристигнале и чекаат. Сѐ ќе се олади.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Повеќе