омажена (прид.)
Седни ти и напиши му едно писмо вака: ти речи, пријателе, си се оженил пред една недела, а јас побрзо те разбирав колку ум имаш и еве еден месец откако сум омажена.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Тоа всушност значи дека тетка ми не сака свадба и одбива да биде повторно омажена.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дури и во очите на двете омажени сестри на Даниел, во кои на почетокот откри студени критички погледи и процени за нејзината вредност, сега почна да гледа топлина и симпатија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сега среќно омажена, живее богато како принцеза.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Беше омажена за еден салонски магионичар, со кого што требаше да се сретне тој ден по посетата на роднините во Сарагоса.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не знаеше како би реагирале. Сестра ѝ Пандора беше со стројници омажена, но имаше среќен брак.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Она што во меѓувреме успеа да го дознае за тој крлеж, го дотепа: дваесет и две години, единец од богата фамилија, декоратор на излози по модерните дуќани, проследен со невнимателни озборувања за неговата бисексуалност и добро втемелениот углед на платен утешител на омажени госпоѓи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беше омажена со нејзин колега, келнер во една кафеана во центарот на градот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Само што почнав со студии професорката по литература Жанет, инаку таа беше Парижанка омажена за Македонец, ни зборуваше дека јазикот се учи најдобро кога си на лице место во земјата каде што се зборува тој јазик.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)