онесвести св.

онесвести (св.)

Што се дереш ... Онесвести се човек од твоје викање...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Јакова силно го удри еден со кундакот од пушката по тилот и тој се струполи; се онесвести и така го врзаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вик на победа, очаеност и злоба му застанува на грлото и се онесвестува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Застана пред нив. - Јели бре, - им рече полека и како да ќе се онесвести од вчудоневиденост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Кај сме, браќа, кај одиме, ќе праша некое војниче од колите и пак ќе се онесвести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали од своите зборови се онесвести или од крвта што му ги поплавила панталоните.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои жени се онесвестуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пак се онесвести човекот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го ритнав, ама тој пред јас да успеам да го ритнам, ме гризна со своите остри заби па од лутата болка тука на место се онесвестив, ме снема од настанот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Аце се онесвестува. Благоја го дига в раце.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Таа жена ми рече дека тогаш почнало да ѝ се врти во главата и дека сакала да се онесвести.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога го фатиле дедо ти, го тепале, го тепале и тој се онесвестил.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На изгорениците им ставила нерастворена есенција и сестра ми се онесвестила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Стоев десно од неговото биро; гледав кон листот, но свеста ми се виеше; светкавици ми излегуваа пред очи и мислев дека ќе се онесвестам секој миг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На почетокот тоа ништо не ми значеше, дури, во извесна смисла го сфаќав и како еден вид понижување, како одмазда која ми ја смислил Јан Лудвик; но по извесно време почнав да тонам во некакви непознати длабочини; мислев дека ќе се онесвестам, оти пред мене почна да се јавува некаква непозната светлина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таму, во Гери, во неговиот салон, жена ми се онесвести (и се спои горниот со долниот притисок по уморот од лутањето по големите градови) и тој искрено ме пожали и ми вети оти нема никому да каже.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пота му ја виде окрвавената глава од што му се чинеше дека ќе му се слоши, дека ќе се онесвести.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како што ова го чув, така мене почна да ми скипнува крвта и да ми се чини оти ќе се онесвестам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе