онкологија (ж.)
Јас, јас поминувам еднаш неделно на Онкологија да земам нова доза таблетки за чичко ми.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
27. Зградата на Онкологија е едно старо здание од некое минато време, ме потсетува на касарна, дури да не речам и на затвор…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
На Онкологија беше мртва тишина.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
На Онкологија лежеше осум дена, на осмиот ден ти ја прекинаа терапијата што требаше да ја примаш четиринаесет дена, повторно целата уста ти се направи со рани, хранопроводникот исто така.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)